Џенаро Гатузо, познатиот пит-бул во европскиот фудбал работи солидно како тренер на Валенсија откако летово го презеде клубот. „Лилјаците“ во Ла Лига се на седмо место после осум кола и имаат 4 победи, 1 нерешена и 3 порази со гол разлика 14:8. На послендиот меч на гости ја победија Осасуна 1-2 а црвен картон од клупа доби Диакаби поради протест, па Гатузо збесна.