Даниеле Адани во Интер играше во периодот 2002-2004, но не освои трофеј. Единствениот му е оној со Фиорентина во Купот на Италија, сезоната 2000/2001.
Финалето го одиграа против Парма од која беа подобри во двомеч. Стрелци на реваншот Нуњо Гомеш и Саво Милошевиќ за 1:1, после гостинскиот триумф на Виолетовите.
Фиорентина тогаш беше силна со имиња како Франческо Толдо, Анџело Ди Ливио, Кристијан Аморозо, Руи Коста, Енрико Киеза, Предраг Мијатовиќ, Нуњо Гомеш. Сезоната како тренер ја почна Фатих Терим, а ја заврши Роберто Манчини.
„Неодамна дадов интервју за Fatto Quotidiano во кое зборував за Купот на Италија што го освоив со Фиорентина во 2001 година против Парма. Вечерта кога победивме, заминавме да славиме во еден убав ресторан во Фиренца, а со нас го понесовме и трофејот. Им благодарам на навивачите, имаше невиден ентузијазам, славеа како да е Лига на шампиони“.
Адани го стопил трофејот на крај и го однел дома заедно со една девојка.
„Многу добро се сеќавам на таа вечер. Во 2-3 часот наутро, трофејот исчезна. Каде беше? Па, се врати во соблекувалната следното попладне, кога тренинзите продолжија. Но прво беше е кај мене дома и беше сведок на жешка ноќ со една девојка“.
Но тоа не е сè. Даниеле влегува во детаљи како никој.
„Трофејот беше желба на цела Фиренца. Го украдов од вечерата и го однесов кај мене. Остана меѓу мене и девојката, беше сведок и инструмент на еротски игри со неа. Потоа, следниот ден, го исчистив како што треба, го вратив сјаен и блескав во соблекувалната на Артемио Франки“, заврши Адани со својот пикантен расказ.