КИТ ГИЛЕСПИ - Рединг - ШЕФИЛД ЈУНАЈТЕД 2007, 12 секунди
Некогашното крило на Манчестер Јунајтед во 2007-ма година го носеше дресот на Шефилд Јунајтед. Изненади одлуката на тренерот Халсеј да го остави Гилеспи на клупата, но му даде шанса во продолжение од натпреварот против Рединг. Само 12 секунди откако влезе во игра, Гилеспи го патосираше Стифен Хант со лакт, доби црвен картон и замина на туширање.
Моментот на Гилеспи почнува од 3:15 минута:
КЕВИН ПРЕСМАН - ШЕФЛИД ВЕНЗДЕЈ - Вулвс 2001, 13 секунди
Голманот на Шефилд истрча на една топка надвор од неговиот шеснаесетник и наместо со нозе, ја собра со раце. Судијата Марк Халси не трошеше многу време и го исклучи домашниот голман, кој истата сезона стана најдобар голман во клубот кој играше во Чемпионшип по испаѓањето од Премиер.
МЕТ МЕКЛАР - Транмере - ВИКОМБ, 2015. 4 секунди
Менаџерот на Викомб, Герет Еинсворт му ги даваше последните инструкции на Мет Меклар пред да го пушти во игра. 23-годишниот влезе во 67-та минута, а во следната минута мораше да го напушти натпреварот, откако го удри Адам Дагдајл со лакт во еден воздушен дуел. Викомб на крајот славеше, но не им помина жалбата за црвениот картон на Меклар.