Муслиманските фудбалери од Ајакс кои не јаделе 15 часа пред мечот со Тотенхем

Во 22’ минута од реванш полуфиналето во Лигата на шампионите играчите на Ајакс, Хаким Зиеш и Нусаир Мазрауи добиле кесички со енергетски гел. Брзо ги исцицале зошто биле прегладнети.

Речиси сите веќе виделе како фудбалерите за време на мечот шмукаат вакви кесички. Внатре во нив има изотонски гел којшто му овозможува на играчот брзо да прими јаглехидрати (пример околу 20 грама во една кесичка).

Овие гелови мора да се употребуваат без вода за да се смали надуеноста во стомакот. По правило гелот е сладок со разни вкусови - кафе, мешано овошје или само портокал, јаболко, праска итн.

Верувале или не, децата на Ајакс, Зиеш, Мазрауи и Закарија Лабјад не јаделе цели 15 часа пред дуелот со Тотенхем во полуфиналето на Лига на шампиони.

Рамадан е месец на задолжителен пост кај муслиманите. Почнува на 5 мај и трае до 3 јуни. Во тој период правоверните муслимани се воздржуват од јадење, пиење, пушење, интимна блискост и сите други страсти преку целиот ден - од изгрејсонце до зајдисонце. По заоѓањето на сонцето, дозволено е да се јаде.

Од таа причина во 22’ минута од мечот Ајакс - Тотенхем, кога сонцето во Амстердам во целост зајде, и Зијеш и Мазрауи добиле кесички јаглехидрати да им се поврати снагата.

РАМАДАН МОЖЕ ДА БИДЕ ТЕЖОК ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ

Во 2014 година, еден од најголемите верници меѓу муслиманските фудбалери, Мохамед Салах раскажал дека да се игра за време на Рамадански пост е неверојатно тешко:

„За Рамадански пости ми е тешко. Имаме по два тренинга дневно секој ден, а го играм и секој меч. Многу е топло а не смееш дури ни вода да пиеш до 9 навечер. Сега е завршено и можам спокојно да јадам и пијам“, рекол најдобриот фудбалер на Ливерпул кој лани играше во финалето на Лига на шампиони против Реал.

Постот е здрав за организмот, но за време на пост не се препорачува тешка и напорна физичка работа. Во составот на Ајакс има 3 муслимани: Зиеш, Мазрауи и Закарија Лабјад. Познатиот спортски физиотерапевт Рајмонд Верхејн им советувал да го скокнат Рамаданскиот пост. Тој им зборувал за последиците врз телото и ризикот од повреди.

„Телото слабее, нивото на шеќер во организмот опаѓа а тоа води кон намалена брзина зошто до мозокот стигнува помалку енергија. Тоа го зголемува и ризикот од повреди: сигналите одат преку ’рбетниот мозок полека, мускулите слабеат и играчот просто ќе се насолзи“.

Доктор Верхејн смета и дека целосно придржување до Рамадан е неодговорно за играчите, затoa тие треба да прават отстапки во посебни околности. Минатата година Салах пред финалето на ЛШ наводно го прекинал постот а врховниот муфтија на Египет ја разрешил целата репрезентација пред Светското првенство.

Во Ајакс, на барање на фудбалската федерација, управата не се меша. Секретарот на клубот изјавил дека во Ајакс ги почитуваат слободата на говор и однесување на фудбалерите, па во таа смисла и нивото придржување или непридржување на Рамадански пост.

„Играчите сами ќе си решат. Јас ги оставам слободно да донесат одлука. Тоа не влијае никако на нивната игра“, рекол тренерот Ерик Тен Хаг.

А овој факт го потврди голот на Зиеш за 2:0 за Ајакс против Тотенхем. И Зиеш и Мазрауи го доиграа мечот без никаква повреда, без проблем. Иако на крајот не влегоа во финалето на Лигата на шампиони.