Таг: хаким зиеш

Мајстор Хаким Зиеш и не знае поинаку од таму

Јака трка за титулата водат Галатасарај и Фенербахче. Ситуацијата на табела е +2 во корист на првите кои во претпоследно коло се домаќини на нивното соочување. Синоќа Галасарај ја доби Аланијаспор со 0:4, а Зиеш атрактивен во својот препознатлив стил. Голманот само ја гледаше.

Зиеш имаше емотивно збогум со Ајакс и другарите

Една од најсилните карики во овој опасен Ајакс изминативе неколку години беше Мароканецот, кој по четири години престој си заминува од Амстердам. Разделбата е со солзи, бидејќи тоа беше едно семејство, а Зиеш уште повеќе се возбуди кога пуштија видео од мајка му.

Па дали е нормален каков слободен изведе Зиеш на Стемфорд Бриџ?

Не е нормален ниту голот, ниту аголот, ниту начинот на кој го изведе ова. Фацката што ја направи сè кажува. Арно ама има уште нешто.

Голот на колото во ЛШ го има Зиеш од Ајакс

Второто коло во Лига на шампиони мина во знакот на мајсториите на двајца Мароканци. Прво Хакими од Борусија кој направи слалом за сите пари, а потоа Хаким Зиеш кој и ја опали душмански на Валенсија.

Муслиманските фудбалери од Ајакс кои не јаделе 15 часа пред мечот со Тотенхем

Во 22’ минута од реванш полуфиналето во Лигата на шампионите играчите на Ајакс, Хаким Зиеш и Нусаир Мазрауи добиле кесички со енергетски гел. Брзо ги исцицале зошто биле прегладнети.

Кои се клинците на Ајакс на кои им се доаѓа во Скопје

Да, и ние искрено би сакале на „Градски“ во дуел за Супер Купот да пристигне Манчестер Јунајтед, гигант кој којзнае кога би го гледале во живо. Но така не мислат и децата на Ајакс Амстердам кои го преслушаа Лион и се цврсто решени да ја освојат Лига Европа.