Мундијалско фијаско број 3 за Италија

На Италија и се случи она од кое најмногу стравуваше. Пропушта трето Светско првенство по ред. Последен пат играше на СП 2014. Сега шансите ќе ги бара во квалификациите за СП 2030.

После дебаклот со Шведска за пласман на СП 2018, па кошмарот со голот на Трајковски во Палермо во март 2022, Италијанците губат и трет бараж за Светско.

Овој пат од БиХ во Зеница на пенали. Имаа рано водство со голот на Мојсе Кин во 15 минута, но на 4 минути пред крајот на првиот дел Бастони доби црвен.

Босанците не се предадоа и го притиснаа противникот со 61% посед на топка и 11:3 во удари во гол. Табаковиќ со гол во 79 минута се избори за драма. Следуваа продолженија, па пенали.

БиХ ги доби со 4:1, шутирајќи перфектно 4/4. Во составот на Гатузо погоди само Тонали, а Еспозито и Кристанте промашија.

 

1 април 2026 - 07:45