Миралем Пјаниќ кој во минатото играше за Лион, Јувентус, Рома, Бешикташ и Барселона, пред две години заедно со Един Џеко јавно и отворено одбиле да играат пријателски меч против Русија, поради воената интервенција на Русија во Украина.
По доаѓањето во Москва, се извинил за тоа и потпишал 3-годишен договор со трофејниот гигант.
„Знам дека сега многумина расправаат за моите зборови од пред две години, но никогаш не сум рекол ништо против Русија и против рускиот фудбал. Жал ми е ако мојот говор некого навредил, спремен сум да се извинам. Секако сега не е најдобар момент за рускиот фудбал поради суспензијата. Жал ми е што се случува тоа.
Доаѓам од земја во која своевремено исто имаше војна и знам што е тоа. И совршено сфаќам како политиката функционира и како влијае на спортот. Меѓутоа јас сум фудбалер и целото мое внимание е вперено на тоа добро да тренирам, да играм и да ѝ помогнам на ЦСКА“, дипломатски одговорил Босанецот.
Поранешниот руски фудбалер Игор Коливанов (56) зборувал за трансферот на Пјаниќ:
„Пјаниќ е добар, интересен фудбалер кој играше во супер клубови но има 34 години. Многу се расправа сега за тоа што го рекол за Русија. Мило ми е ако се извинил но сите се извинуваат кога ќе им понудиш пари. Со Пјаниќ може да се случи иста приказна како со Маркизио и со Ширле“.