По завршувањето на натпреварот од Лига Два (четврта по ранг англиска лига), помеѓу Брадфорд и Кроули Таун, изби масовна тепачка во која беа вклучени сите фудбалери од двата тима.
Откако се смирила ситуацијата, судијата бил приморан да ги брка фудбалерите во соблекувалните и им покажал три црвени картони на фудбалерите на Брадфорд и уште два на Краули Таун.