Како штo наведува Гол.ком, вооружена група на луѓе вчера влегла во фан клубот „Павиљао 9“, каде навивачите на Коринтијанс имале прослава и убила седуммина од нив, а веднаш пред клубот убиле уште еден маж.
Полицискиот службеник Хозе Марио Лара во меѓувреме ја отфрлил можноста дека пукањето има некаква поврзаност со навивачкото ривалство. Навивачката група „Павиљао 9“ ја основале затвореници на озлогласениот бразилски затвор Карандира во 1991. година.
Коринтијанс вечерва го дочекува Палмеирас во големото дерби, додека Сао Пауло му гостува на Сантос, во полуфинлето на плејофот на Паулиста шампионатот во Бразил.
Клубот се огласи на Твитер и постираше црна слика со натпис „жал“.