Марек Хамшик не пропуштил натпревар цели две години

Капитенот на Наполи е единствениот фудбалер во Серија А којшто ги одиграл сите натпревари од минатата сезона и од актуелната. Во Англија таков е ученикот на Сер Алекс Фергусон, а во Шпанија Баскиец од Еибар.

Капитенот на репрезентацијата на Словачка кого го гледавме и во Скопје во квалификациите за ЕП2016 е единствен играч кој одиграл 70 од 70 натпревари до денешен ден (38 минатата сезона + 32 досега сезонава).

Словакот со препознатливи тетоважи и фризура е првиот на подиумот на кој се уште голманот на Сасуоло, Консиљи и колегата на Хамшик, Шпанецот Каљехон.

Голманот Консиљи сезонава бранел на сите натпревари сезонава во лигата, а пропуштил само еден минатата сезона во Серија А. Во случајот со Шпанецот Каљехон, тој го пропушти мечот со Џенова сезонава и поради тоа одигра еден дуел помалку од капитенот. Минатата сезона Хозе Каљехон не пропушти ниту една средба од Серија А.

КАКО Е ВО ОСТАНАТИОТ ДЕЛ НА ЕВРОПА?

Со ваквите статистики на доследност и верност, Маурицио Сари е спремен за Премиер Лигата. Во англиското првенство нема многу редовно стаднардни фудбалери како во времето на Џерард и Лампард, па така на табелата најмногу присуства води Шкотланѓанецот Дарен Флечер.

Како дете на Фергусон во Јунајтед и сега капитен на ВБА, Флечер има минутажа од 6.230 минути односно сите 33 присуства сезонава (2.854 минути) и 38 настапи лани (3.376 минути).

Зад него во Премиер лигата се стоперот на Хал Сити Доусон а на подиумот е и голманот на Ватфорд Гомез. Вредни споменување се и Џорџињо Вијналдум (Њукасл + Ливерпул), Рос Баркли (Евертон) и капитенот на Ватфорд Трој Динеј.

Меѓу првите 10 во трката за наградата „Premio Duracell" која што се доделува во последните две сезони има само еден претставник на Ла Лига: Се работи за Серхи Енрич, везниот фудбалер на Еибар кој одиграл дури 70 натпревари до денес исто како Хамшик, но со помала минутажа од него.