Манчестер доби пенал и победи откако мечот веќе заврши

Но нека не ве чуди ова со пеналот на Бруно Фернандеш за победа против Брајтон на гости од 2-3 во 90'+10 минута од продолжението. Во протоколите на ВАР е дозволено.

Брајтон и Манчестер Јунајтед синоќа одиграа луд меч. Баш луд.

Домаќинот постави рекорд со 5 стативи и пречки во 90 минути што не се случило никогаш претходно во Премиер лигата.

Брајтон синоќа против Манчестер имаше 18:7 во удари кон противничкиот гол, 5:3 во рамки на противничкиот гол, далеку поголем посед на топка (57%-43%) и многу шанси.

Статистичката платформа Opta која собира статистика од сезоната 2003/2004, напиша дека 5 стативи или пречки на еден меч немало во Премиер лигата никогаш.

Рекордер по пречки и стативи стана Белгиецот Леандро Тросар. Тој сезонава веќе три пати погаѓа статива (претходно толку пати статива или пречки удрил Кристијано Роналдо во 2006-та).

А во самиот финиш, во 90'+3 минута од судиското продолжение не даде гол за израмнување буквално на самата гол линија кај Де Хеа:

Инаку самиот натпревар се движеше вака

Брајтон на крајот од првиот дел го отвори резултатот од пенал (Нил Моп изведе сјајна паненка и го фрли Де Хеа). Манчстер Јунајтед брзо израмни по автоголот на Луис Данк во 43' минута.

На стартот од вториот дел Маркус Рашфорд со прекрасен гол го носи тимот на Солскјер во водство од 1-2, ама Брајтон израмнува во длабоко судиско продолжение 90+4' минута од пет вкупно минути продолжение. Соли Марч израмни на 2-2.

И на крајот Манчестер Јунајтед имаше време само за еден експресен напад. По еден центаршут од корнер и удар со глава на Мегваер, Мопеј играше со рака во својот шеснаесетник.

Интересно судијата после овој момент три пати свирнал за крај на мечот, но на сугестија од ВАР собата горе, отиде да го провери спорниот момент. Се врати и досуди пенал за Манчстер Јунајтед. Бруно Фернандеш даде гол за конечни 2-3 во 90'+10 минута.

ДАЛИ Е ОВА НОРМАЛНА СИТУАЦИЈА?

Не е идеална варијанта, но постои во протоколите на ВАР. Таквиот епилог го објасни судијата Нил Сворбрик:

„Кога се гледа инцидентот, од ВАР автоматски му соопштуваат за тоа на судијата, стискаат црвено копче и му викаат да провери. Ако времето е завршено и судијата досудил крај, а проверката тек треба да се случи, тогаш судијата може да се врати и да соопшти ВАР одлука. Ако видео-асистентите не можат да донесат одлука, тогаш судијата оди кон екранот“.

Синоќа во Брајтон се испоставило дека видео-асистентите од ВАР собата не можеле брзо да го најдат црвеното копче и затоа меѓу играта со рака и финалната свирка поминале повеќе секунди.

Судијата Крис Каван самиот отиде кај екранот и досуди пенал.

СОЛСКЈЕР СЕ ШЕГУВАШЕ СО МУРИЊО И СТАТИВИТЕ НА ГРАДСКИ

„Ни успеа. Можно е дека заслуживме само еден бод, не повеќе. Добро е што не е тука Жозе Мурињо сега па да ги мери головите“, рекол Оле Гунар.

А колегата од Брајтон Грем Потер изјави:

„Заслуживме подобар резултат денес. Сите 90 минути повеќе шанси создадовме, повеќе напаѓавме, имавме многу стативи, но тоа е фудбалот. Некогаш е неправеден, некогаш е суров“.

27 септември 2020 - 09:52