Малиот 16-годишен Бразилец за кој зборува цела Европа

Уште од времето кога Нејмар имаше 16 години немало таква фама околу еден млад талент. Бразилецот Ендрик има 16 години, игра за Палмеирас, а веќе го бараат најголемите и најбогатите европски клубови.

Шеснаесет годишниот Ендрик стана рекордер и влезе во историјата на бразилскиот фудбал како најмлад стрелец на гол во елитната прва лига.

Во вторникот вечер Ендрик со само 16 години, три месеци и четири дена испиша историја како најмлад играч кој постигнал гол.

Првото професионално деби, чудесниот талент го имаше пред неколку дена, на 6. октомври кога влезе од клупа во триумфот на Палмеирас од 4-0 против Коритиба. Со 16 години и 16 дена стана најмладиот фудбалер што настапил за овој славен и трофеен клуб во Бразил.

Ендрик во вторникот влегол од клупата за резерви во вториот дел од мечот со Атлетико Паранаенсе, но постигнал два гола и му помогнал на неговиот Палмеирас во големиот пресврт и победа од 3-1.

Чудото од дете на стадионот во Куритиба покажа зошто Барселона, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Манчестер Сити, Јувентус и Арсенал се сериозно заинтересирани да платат „вреќи милиони“ само за да го донесат.

Инаку Ендрик годинава потпишал нов договор со Палмемирас кој му важи до 2025-та година а излезната клаузула чини 60 милиони евра. Инаку талентот ќе стане полнолетен и ќе наполни 18 години на лето 2024-та.

Со овие два гола на четвртиот настап за Палмеирас, Ендрик уште повеќе ги загреа европските гиганти да побрзаат со преговорите за негов ангажман.

26 октомври 2022 - 10:14