Магијата на Меси од слободен

Во 9. коло од француската Лига 1, ПСЖ продолжи со победите и ја совлада Ница со 2-1. Стрелци на головите кои други ако не Меси и Мбапе. Аргентинецот направи мајсторија од слободен удар во негов стил а Килијан постигна погодок за победа во 83' минута откако влезе од клупата за резерви.

После девет одиграни кола во Лига 1, ПСЖ има осум победи и само едно реми со 28 постигнати голови и 5 примени.

2 октомври 2022 - 11:02