Лидс и Лајпциг на суд ќе докажуваат на кој помалку му треба еден шпиц

Според договорот изгледа дека германскиот клуб е поблиску до вистината, затоа што велат, не можеле да влијаат на тоа што фудбалот ќе трае подолго од предвиденото сезонава поради глобалната пандемија.

Враќањето на Лидс во Премиер лига после долги 16 години веќе неколку дена е главна вест во англискиот фудбал.

Францускиот центарфор Жан-Кевин Огустин  6 месеци беше играч на Лидс но не придонесе којзнае колку во тимот на Биелса - во февруари влезе на три меча од клупата и не одигра повеќе од 20 минути.

Огустин (23) беше позајмен од Лајпциг во Лидс на крајот од јануари. До крај на сезоната со право на откуп. Сега двата клуба се откажуваат од играчот и спремни се за на суд.

Работата е во тоа што во договорот за позајмица има точка според која Лидс е должен да го купи францускиот напаѓач за 21 милион евра во случај на пласман во Премиер лига.

Англискиот клуб, пак, тврди дека оваа точка истекувала на 1 јули - датум кој е наведен во договорот. Но Лидс подоцна влезе во Премиер лига.

Лапјциг има свои аргументи. Велат дека во договорот е пропишано дека точката ќе се примени во случај на пласман во Премиер лига, а тоа што поради коронавирусот сезоната траеше подолго, на тоа не можело да се влијае.

„Ова е дело за ФИФА па дури и за Спортскиот арбитражен суд (CAS). Имам впечаток дека Лидс не го исполнува договорт, а на Лајпциг му е нанесена штета. РБ мора да бара мислење на суд и да се жали во ФИФА“, вели специјалистот по спортско право Криштоф Вишеман.

Огустин има договор со Лапјциг до 2022 година но тој не е во плановите на тренерот на клубот. Првата полусезона тој ја помина на позајмица во Монако каде имал само 1 асистенција на 10 меча во Лига 1 и гол и асистенција во Лига Купот на Франција.

Огустин е дете на ПСЖ. Во дебитантската сезона за првиот тим на Пари Сен Жермен (2015/2016) центарфорот освоил со екипата титула, Куп, Лига Куп и Супер Куп. Истата година станал и младински европски шампион со Франција а на Европското бил најдобар стрелец со 6 гола.

Во летото 2017-та Огустин сакал поголемо играчко време и отишол во Лајпциг. Германците платиле за него 13 милиони евра. Но во конкуренција на неприкосновениот Тимо Вернер, Огустин немал многу простор па и покрај тоа дал 9 гола. Севкупно на 67 меча за Лајпциг дал 20 гола и 8 асистенции.

Уште не е јасно во кој клуб ќе игра од следната сезона, но во секој случај тужбата за тоа дека никому од двата клуба не е потребен, не е нималку пријатна.