Летото е уште далеку, а топ клубовите веќе направија големи трансфери

До отворањето на преодниот рок во најголемите европски фудбалски лиги има уште неколку месеци, а гигантите веќе завршија голем дел од работата.

БАЕРН МИНХЕН

Најмногу од сите издоминира германскиот првак кој за претстојното лето работеше минатата зима. За францускиот десен бек Павар кој блесна на Светското 2018 и за левиот бек Ернандез, баварците платиле околу 115 милиони евра, а наскоро се очекува и потпис со Тимо Вернер, но тука може да има пречки.

Баерн веќе се договорил со шпицот на германската репрезентација кој постигна 14 гола досега во сите натпреварувања сезонава, но никако да се договори со Лајпциг. Има две варијанти: или да го купат за 40-60 милиони евра летово или за една година да дојде како слободен играч. Но тука се вмешал и Ливерпул чијшто тренер Клоп сака да го пазари Вернер.

Баерн е заинтерсиран и за Хадсон-Одои, чудото од играч на Челси и за најдобриот стрелец во Бундеслигата Лука Јовиќ од Франкфурт.

РЕАЛ МАДРИД

Еден од условите за враќањето на Зидан беше квалитетни засилувања во екипата. Реал веќе се погрижи - зема двајца одлични Бразилци: во центарот на одбраната ќе дојде стоперот Милитао, а на левото крило 18-годишниот Родриго (во 2018 одигра 43 меча за Сантос, даде 9 гола и имаше 3 асистенции).

Но овие имиња се најдолу на списокот на Зизу и Перез. Најгоре се: Мбапе, Азар, Мане и Погба.

ЧЕЛСИ

Тимот од Лондон на почетокот на јануари плати 64 милиони евра за американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ кој за разлика од магичната сезона лани, оваа сезона ја игра под нивото. Станува збор за голем талент кој би требал да ја ублажи болката на навивачите на Челси после суспензијата за трансфери од една година која ФИФА им ја изрече на „сините“.

БАРСЕЛОНА

Каталонците веќе со години се на врвот кога станува збор за скапи, квалитетни, луксузни засилувања. Прв „удар“ на пазарот им беше Де Јонг, холандскиот бисер од Ајакс за кого платија 75 милиони евра. А тој претходно дојде во Амстердам за само 1 евро и 4 позајмици во претходниот клуб.

Барса најавува спектакуларен трансфер преоден рок.

АРСЕНАЛ

„Топџиите“ останаа без Рамзи кој заминува без обештетување како слободен играч во Јувентус, а тренерот Емери веќе имал планови за потенцијални засилувања меѓу кои се Умтити од Барселона, Рабио од ПСЖ, Андер Ерера од Манчестер Јунајтед и младиот Ѕаниоло од Рома.

ИНТЕР

Клубот кој повеќе од две децении трошеше најмногу по се изгледа летово ќе го продаде капитенот Икарди од кого раце крена и Curva Nord, навивачкта група на Интер.

Црно-синиот дрес ќе го облече Диего Годин кој не го продолжи договорот со Атлетико Мадрид и кој потпиша со Интер.

АТЛЕТИКО МАДРИД

„Јорганџиите“ се договорија со најдобриот фудбалер од среден ред на Порто, Ектор Ерера за кого платија 30 милиони евра.

СЕВИЉА

Андалузијците неодамна со широки раце го пречекаа Мончи кој доби отказ од Рома. Во меѓувреме клубот се договорил со фантастичниот шпиц на Салцбург, Монас Дабур кој вреди 15 милиони евра.

3 април 2019 - 12:22