„Ако не разбирате гледајте го Django Unchained“, Николас Ањелка му се обраќа на Лилиан Турам со фотографија од него, а под неа Самуел Л. Џексон кој глуми во филмот. Претходно Турам ги нападна фудбалерите на селекцијата на Франција кои одбија да тренираат на Мундијалот во 2010-та поради солидарност кон Ањелка.
„Милан е мојот дом. Се сеќавам на Скудетото во 1999-та кога бев тим менаџер и на гостувањето во Порто кога Веа му удри глава на Жорже Коста. Таа ноќ полицијата сакаше да влезе во соблекувалната за да го уапси Веа, а ние го штитевме“, Умберто Гандини, поранешен извршен директор на Милан и иден директор на Рома
„Кој рекол дека сака да оди во Лестер, грдо е таму“, Стив Џерард му одговара на дете кое го прашува зошто сака да оди во Лестер.
„Искрен сум. Бев пресреќен кога се вратив во соблекувална и го видов Кјелини кој доби црвен картон. Но кога си заминав од Јуве ми се заканува потсетувајќи ме на таа средба меѓу Италија и Шпанија на 6 октомври“, Алваро Мората.
„Тука не можеш да седиш“, Арсен Венгер му вели на Мурињо кој барал место за седење за време на еден форум за тренери организиран од УЕФА.
Дуел на поранешните соиграчи на Сампдорија во 90-те, Руд Гулит и Роберто Манчини:
„Интер е еден посебен тим со голем талент каде недостасуваат важни работи. Вината е кај Манчини кој не работи многу на подготовките“, изјави Гулит
„Во фудбалот оние кои ќе станат големи фудбалери, а по завршувањето на кариерата нема да направат ништо, сакаат да зборуваат лошо за другите. Гулит не е единствен, ги има многу“, одговори Манчини.
„Јуве во последните 4-5 години создаде посилен тим од другите, но за жал според другите екипи со некои судиски одлуки го фаворизираат“, Дејан Савичевиќ
„Стигнав до врвот, ме споредуваат со Меси и Роналдо. Ја имам истата нивна способност“, Алексис Санчез
„Јас сум бркал тренери? Овој пат Балардини беше тој кој бркаше претседатели. Веројатно кога виде дека му истекува договорот си помисли дека ќе зема плата со седење дома“, Маурицио Ѕампарини