Газета дело Спорт стандардно со збир на најинтересните изјави на неделата од светот на фудбалот. Гулит се чачна со Манчини, Турам со Ањелка, а Венгер му диктираше строгост на Мурињо.
Повремено гледаме како некои фудбалери ги прекинуваат кариерите поради несреќни повреди, но исто така има играчи кои се чини дека ќе играат засекогаш и вешто ѝ бегаат на пензијата.
Французинот го раскина милионскиот договор во Кина, само за да потпише со Јувентус во 2013. година како замена за повредениот Никлас Бендтнер. За пет месеци, за Јуве играше само три пати и без никаков придонес се радуваше на скудетото.
Кој е при крај со кариерата последниот пар копачки нека го спрема за во Индија каде се ближи стартот на мини лигата. На познатите ветерани Дел Пјеро, Љунберг, Трезеге друштво ќе им прави и Николас Анелка кој нема одиграно натпревар 6 месеци.
Можеби не е лесно да се просперира во италијанското фудбалско првенство како напаѓач со оглед на дефанзивниот фудбал кој го практикуваат многу екипи. Но ако ве бива за фудбал, ќе ве бива и во земјата која живее за фудбалот, па и на постари години.