
36 годишниот играч од среден ред со над 15 години кариера во Европа и две титули со ПСВ во холандскиот шампионат е пример за успешна мексиканска фудбалка приказна.
Но не само дома, туку тој е почитуван и од еден од најдобрите тренери со кој има анегдота која му се случила неодамна.
Иако никогаш не го тренирал, Мурињо очигледно му се восхитува, а тоа го покажал пред еден месец на меч од Лига Европа меѓу Бетис и Рома, кога го побарал во соблекувална.
„Натпреварот заврши, а Мурињо дојде по мене да ми го побара дресот и ми рече: „Можеш да ми го дадеш дресот? Се разбира господине, ќе ми биде чест“.
„Ова се работи кои остануваат Ова се моите трофеи, подароци за фудбалските луѓе кои ме виделе од близу. Многу пати се натпреварував против Мурињо во шпанската лига. Тоа што ја цени мојата кариера е непроценливо“.
Мексиканецот е воодушевен што му бара дрес, човек со 26 трофеи освоени со Порто, Челси, Реал, Интер, Манчестер Јунајтед.
Инаку Андрес Гуардадо кој е рекордер со 177 настапи за Мексико, играше на СП Германија 2006, Јужна Африка 2010, Бразил 2014, Русија 2018 и ова ќе му биде петто Светско во Катар, а веројатно и последно.
Ќе се израмни со сонародниците Антонио Карбахал и Рафаел Маркез, како и со Џиџи Буфон и Лотар Матеус.