Челниците на Ливерпул ја загубија вербата во Кени Далглиш и тој ја плати цената за разочарувачките резултати на клубот.
Кени Далглиш помина 18 месеци на клупата на Ливерпул, а за овој период беше освоен Карлинг купот, но беа срушени неколку негативни клупски рекорди. Ливерпул сезоната ја заврши со само 52 поени на осмото место што е најслаб скор на клубот од формирањето на Премиер лигата, а на домашен терен остварија само шест победи, нешто што се нема случено од 1949-та.
Да беше било кој друг тренер, ќе заработеше отказ уште многу одамна, но никој немаше храброст да го отпушти „Кралот Кени" како што го нарекуваат во Ливерпул.
Иконата на Ливерпул како фудбалер со овој клуб има освоено шест титули во Англија и три трофеи од европскиот куп, а за време на неговиот претходен мандат како тренер, Шкотланѓанецот го предводеше Ливерпул до три шампионски титули.