Николен во Франција е честа мета на тролање поради неговиот изглед и контроверзните изјави кои ги дава во медиумите, но тој е огромен фанатик за собирање дресови од фудбалери и пред се од легенди.
Претседателот на Монпеље важи за еден од најголемите колекционери кој има свој музеј и кој стигна до бројка од над 5.000 фудбалски дресови за кои воопшто не штеди пари. Тој има свои луѓе на кои им дава пари за да му пазарат од различни кубови, а за еден дрес издвојува и до 2.500 евра.
Актуелните играчи за него не претставуваат предизвик. Тој поседува дрес од легендарниот Пеле кој го добил како подарок од Мишел Платини, потоа од Бразилецот Зико, но и од младинците на Шкотска од далечната 1919 година.
Во неговиот музеј може да се види и колекција на дресови кои ги носеле освојувачите на „Златната топка", но за да ја комплетира му недостасуваат уште дресовите на Стенли Матеуз, Денис Ло, Омар Сивори и Лев Јашин.
Рускиот голман Јашин кој целата своја кариера ја мина во Динамо Москва е единствениот чувар на голот кој го има освоено признанието на ФИФА (1963), а Николен за дрес од него вели дека би дал над 10.000 долари.