Кол Палмер се бунеше против Трамп на сред терен

Човекот кој го реши финалето на Конференциска Лига Челси - Бетис, синоќа беше играч на мечот откако во големото финале на Светско клупско првенство постигна 2 гола и имаше една асистенција во победата 3-0 против ПСЖ. Англискиот репрезентативец Кол Палмер ја доби наградата за Играч на мечот од Доналд Трамп а после се бунеше и кога овој го доделуваше пехарот.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

ФИФА имаше намера да види како ќе биде Светското првенство во САД, Мексико и Канада следната 2026-та година, па од оваа причина го организираше и новиот масовен формат на СКП со 32 клуба.

САД покажаа некои недостатоци во самата организација иако ФИФА остро демантираше и тврди дека се било беспрекорно добро.

Синоќа после големото финале, претседателот на САД Доналд Трамп им го додели големиот пехар на фудбалерите на Челси и на секој поединечно им даде по мало пехарче. Се очекуваше тој да се тргне во позадина откако ќе ги подели пехарите:

Додека го креваа пехарот, Кол Палмер збунето прашуваше: „Што?! Што прави тој?“

На новинарско прашање после мечот, Палмер рекол: „Знаев дека ќе биде тука но не знаев дека ќе биде на трибините кога го кревавме трофејот. Бев збунет малку да“, признал Палмер.

Леви Колвил пак додал: „Ми кажаа дека (Трамп) ќе присуствува за трофејот, но дека после ќе ја напушти цената и мислев дека тој навистина ќе го напушти подиумот но сакаше да остане“.

Трамп беше исвиркан од некои гледачи од кои повеќето беа и од Франција и Англија.

14 јули 2025 - 08:21