Челси го распарчи ПСЖ и стана Светски клупски шампион

Фудбалерите на Челси се прваци на првото ново издание на Светско клупско првенство во нов формат, откако синоќа со 3:0 (3:0) го растурија европскиот шампион ПСЖ.

Парискиот клуб кој освои четири трофеи сезонава, во Лига на шампиони, во француска Лига 1 и во двата француски Купа, не успеа да стигне до нов пехар.

Турнирот со дури 32 клуба на крајот го освои лондонски Челси кој буквално му одржа лекција на уморниот ПСЖ кој сезонава одигра еден куп натпревари.

Англискиот репрезентативец Кол Палмер ја одигра партијата на кариерата и со два гола и асистенција беше играч на мечот. Третиот гол го постигна новајлијата Жоао Педро, шпиц кој пред само неколку дена дојде од Брајтон и кој веќе има 3 гола за Челси.

При убедливата негатива, ПСЖ во 85' минута остана и без Жоао Невес кој доби црвен картон зошто го искуба левиот бек на Челси Марк Кукуреља. Судијата по гледање ВАР му даде директен црвен картон.

Голем дел од натпреварот мина во тензија, имаше 7 жолти картони, а после средбата Луис Енрике го нападна противничкиот центарфор Жоао Педро:

Кол Палмер се бунеше против Трамп на сред терен

 

14 јули 2025 - 07:52