Кој е Омар Мармуш - Египќанецот кого го бара пола Европа?

Мохамед Салах, најдобриот египтески фудбалер на сите времиња, ги разби предрасудите за „мрзеливи“ египетски фудбалери а сега се појавува и негов потенцијален наследник кој игра во Бундеслига.

Epa images

Омар Мармуш е староседелец во германскиот фудбал иако има само 25 години. Тој во Германија дошол на 18 години кога потпишал договор со Волфсбург а дошол од малку познатиот египетски клуб Вади Дегла од Нов Каиро.

На Мармуш му било потребно време да се навикне на животот и фудбалот во Германија. Прво играл за резервниот, за вториот тим на Волфсбург а во мај 2020-та заигрл за прв тим. Дебитирал кај австрискиот тренер Оливер Гласнер и полека влегувал во старните 11. Првиот натпревар, дебито го имал во триумф од 1:4 над Баер Леверкузен.

Но не добивал редовно шанса да игра па по првата бледа сезона го праќале на позајмици: прво во Сенкт Паули кој тогаш бил второлигаш во Цвајта, а една година подоцна во Штутгарт. Со тек на време почнал да дава често голови и го привлекол вниманието на јавноста.

Во летото 2022-ра се вратил кај „волците“ во Волфсбург каде тренер бил Хрватот Нико Ковач. Таа сезона постигнал пет гола на 15 меча меѓу кои и победничкиот погодок за триумф над Штутгарт од 1:0.

На крајот од сезоната 2022/2023 повторно заминува и одив о Ајнтрахт Франкфурт каде со широко отворени раце го пречекува Дино Томпелер. Омар Мармуш возвраќа на довербата со одлични партии и голови. Сезоната ја завршува со дури 12 гола во Бундеслига од кои 2 во ремито 3:3 против Борусија Дортмунд и еден гол во сензационалниот триумф 5:1 над гигантот Баерн Минхен.

Омар Мармуш покрај својот египетски пасош поседува и канадски затоа што неговите родители шест години работеле во оваа земја иако Омар целото свое детство го минал во Египет.

Сезонава игра во ист стил. Постигна два гола против поранешниот клуб Волфсбург на нивната „Фолксваген Арена“ кога Ајнтрахт славеше 1:2. Во меѓувреме даваше голови и против Хофенхајм, Борусија Менхенгладбах, Холштен Кил и на ред повторно му дојдоа Баерн и Мануел Нојер.

Во ремито 3:3 против Баварците, Омар Мармуш се прослави со 2 гола и со асистенција. Вториот негов погодок на мечот беше во 90+4’ минута и обезбеди голем бод против шампионот.

„Мармуш направи голема разлика во корист на својата екипа. Игра во неверојатна форма, има убиствен инстинкт пред голот“, рекол спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл.

За Мармуш пофално зборувал и новиот тренер на Баерн, Венсан Компани:

„Мармуш има неверојатни квалитети. Секако дека сакавме да го сопреме но на играчи како нив им треба само мал простор за да блеснат“.

Омар Мармуш во моментов го засени и големиот Хари Кејн и е прв стрелец во Бундеслига со 8 гола на 6 меча. Има и 4 асистенции со што во целост ја освои европската фудбалска јавност.

За него веќе се распрашувале Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Њукасл, Астон Вила, Вест Хем како и некои други клубови. Омар Мармуш неодамна изјави дека сонува еден ден да заигра во Премиер лига. Ајнтрахт Франкфурт скоро ги одбил понудите од Фулам и Нотингем Форест а самиот Мармуш исто одбил и чека понуда од некој поголем клуб.

Дали ќе биде замена за неговиот миленик и идол Мохамед Салах во црвениот дрес останува да се види.

Ајнтрахт Франкфурт е екипа која точно знае како да процени напаѓачи затоа што од овој клуб големи излезни трансфери направија Лука Јовиќ во Реал Мадрид, Коло Муани како и Себастијан Але кои на „орлите“ им донесоа огромни приходи.

Via

17 октомври 2024 - 10:23