Сино Европа Спорт е името на кинеската компанија која треба за 800 милиони долари да го купи Милан. Но тоа „треба“ до толку се завлече со рати, ветувања, капар, па кои се Кинезите, па ќе го купат ли, што веќе почнаа новинари од Европа да патуваат во Кина за да донесат некоја информација за нив.
Дописник на Ројтерс замина да ја бара компанијата сместена на два часа возење од Шангај, но на адресата каде што е регистрирана не пронајде никаква канцеларија од нив.
„Ја имате комплицирана мрежа на компании кои се чини сите се наоѓаат на едно место, а тоа е оваа кула која се наоѓа зад мене. Па се прашувавме околу канцелариите, зборувавме со луѓе и погледнавме во броевите на нивните канцеларии кои стојат зад официјалните и јавно достапни места за поднесување. Но не бевме во можност да најдеме ниту една од овие канцеларии. Кога ќе погледнете во дисплејот на броевите на секој кат, ќе сфатите дека тие броеви кои се наведени, всушност не постојат“
„Едно од големите прашања во текот на овој договор е зошто толку се чека? Во фудбалот и воопшто во спортот, а исто така и во забавата, постои загриженост дека инвеститорите тука во Кина имаат повеќе тешкотии за да добијат пари надвор од земјата во услови на казнување на одливот на капиталот од стана на Пекинг. И така еден од големите прашања е што се случува? Дали само високиот профил на инвеститори не е повеќе таму? Или дали навистина се борат да ги добијат парите што им се ветени надвор и да ја затворат оваа зделка“?, прашува новинарот кој замина да истражува во Кина.
Истото така е нејасно каде е всушност базиран Сино Европа Спорт и зошто договорот постојано се одложува? Извештаите од Милано велат дека рокот за исплата на последната рата е почеток на Април.
Мистерозноста на Кинезите кои треба да го купат Милан беше тема за обработка и на италијанските комичари.
Прилогот на Ројтерс