Како Меси и Барселона го обновија новиот историски договор

Каталонците треба и официјално деновиве да стават крај на сагата со Меси околу неговото останување. Клубот скоро сигурно ќе ја соопшти веста следната недела, откако адвокатите ги разгледале условите на зделката, пишува Марка.

Лео Меси е спремен да остане во Барселона во следните пет години. Платата ќе му биде преполовена и ќе има ослободителна клаузула од 350 милиони евра.

За некои делови од договорот било тешко да постигнат договор, додека други биле решавани за неколку секунди.

Реномираниот шпански весник Марка фрла поглед на различните аспекти од новиот договор на Меси.

НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА

Меси ќе заработи половина од платата што ја доби со претходниот договор. За ова прашање немало никаква дискусија и тој веднаш ја прифатил понудата, свесен за деликатната ситуација во која се наоѓа клубот. Тој секогаш велеше дека парите не се пречка во зделката. Парите од неговото намалување може да се искористат за засилувања.

ДОЛЖИНАТА НА ДОГОВОРОТ

Овој аспект на договорот бил покомплициран, по кој Меси конечно се обврзал на престој од нови пет години. Во последните месеци имаше многу предлози изнесени од клубот и се зборуваше за 10 години, но сите беа одбиени. Сега останува да се види дали Аргентинецот ќе го испочитува договорот до крај или ќе се пресели во МЛС по две сезони.

ВНИМАТЕЛНОСТА СО ПЛАЌАЊЕТО ДАНОК

Ова било неспорно за Меси. Тој сакал да биде апсолутно сигурен дека секоја договорена исплата е легитимна и законска. Поради оваа причина, Барселона имала тесна соработка со даночните власти за да обезбеди законитост и откако добила зелено светло, играчот прифатил.

УЛОГАТА НА СПОНЗОРИТЕ

Лапорта сакал зделката да се заврши што е можно побрзо и не само од спортски причини, туку затоа што имало разни спонзори кои чекале обновување на договор на Меси. Да се ​​има најдобриот играч на светот во тимот, влијае на одлуките на спонзорите и многу големи компании прашувале дали тој ќе продолжи, вклучувајќи го и Ракутен. Некои спонзори преговарале за нови зделки, а други сакале соработка за прв пат, но само ако Меси остане во клубот.

ОДЛОЖЕНИ ПЛАЌАЊА

Ова беше исто така било комплицирана работа, поврзана со даночната служба. На Меси му беа должни скоро 80 милиони евра, за стандардни или за одложени плаќања од претходните сезони. Едно од најсложените прашања во договорот било како да се справат со овие плаќања, бидејќи се работи за голема сума.

СПОРТСКИОТ ДЕЛ

Ова било едно од најважните прашања за Меси, кој сакал да остане во Барселона, но само доколку тимот е конкурентен за трофеи. Тој е свесен за моменталната финансиската состојба во клубот и за нејзиното влијание на работите. Тој виде како брзо работеа за да потпишат играчи како Ерик Гарсија, Мемфис Депај и Серхио Агуеро, но има уште работа.

16 јули 2021 - 12:39