Како Кристијано Роналдо се трансформираше од крило во напаѓач

Кога пред да потпише за Реал Мадрид во 2009-та изјави дека играњето во напад не е негова позиција, Роналдо практично погреши, бидејќи таа позиција и головите со кои решета веќе седум години му помогнаа да освои четири Златни топки.

Додека Кристијано Роналдо сè уште се бара во својата нова улога како централен напаѓач, статистиката покажува дека таа трансформација постепено се случува преку прогресивни варијации на неговата позиција.

Трансформацијата на Роналдо во истурен напаѓач станува се поевидентна од натпревар во натпревар. Додека влијанието во неговата зона се намали, од друга страна неговото присуство е се поголемо во шеснаесетникот, а тоа се случува постепено.

Повеќе голови со еден допир

Во неговата прва сезона во Реал тој постигна 33 голови, а од нив 11 погодоци или 33% од централна позиција на напаѓач. Сезонава до сега има постигнато 12 гола, а 8 од нив или 66% се од истата позиција. Дури 9 од неговите 12 гола ги постигнал со еден допир.

Оваа промена во проценти може најдобро да се забележи во последните три сезони во кои над 60% од головите на Роналдо се постигнати од позиција на напаѓач.

Адаптацијата на Роналдо во улогата на број 9 можеби најдобро се гледа во сезоната 2014/2015 под водство на Анчелоти кога 41 од 48 гола во Ла Лига (85%) ги постигна со еден допир. Во првата година во Реал 16 од 26 гола (61%) се постигнати на тој начин.

Помалку дриблинзи и центар шутеви

Дека Роналдо се повеќе се движи и влетува во шеснаесетник се докажува и со фактот што секнаа неговите чести дриблинзи и шутеви надвор од шеснаесетникот. Повеќе шутеви од надвор отколку од внатре во шеснаесетникот имаше само во првите две негови сезони: 135 наспроти 108 во 2009/2010 и 167 со 157 во 2010/2011.

„Играњето во напад не е мојата позиција“, изјави Роналдо пред да пристигне во Мадрид, но тој веројатно сфати дека процесот во таа трансформација му беше неопходен за да стане четири кратен освојувач на Златната топка и како и најдобар стрелец во историјата на Реал со 376 гола.

14 декември 2016 - 10:54