Кај налета Нејмар баш на најголемите зафрканти на Твитер

Бразилскиот ас не успеа да го освои вториот пехар во Лига на шампиони, а откако синоќа изгуби од Баерн, срдечно му честиташе на ривалот на Твитер, ама место Баерн, пишал Баер. И толку требаше.

„Поразот е дел од спортот, направивме се, се боревме до крајот. Благодарам за вашата поддршка и честитки до Баер“.

За малерот да биде поголем, админите на Твитер профилот на Баер Леверкузен важат за најголеми мајптаџии од сите профили на спортски клубови.

Еве го нивниот одговор:

„Здраво Нејмар! Не знаеме зошто ни честиташ нас кога ние сме на одмор и играме ФИФА... ама фала“.

24 август 2020 - 13:45