После цели три дена луди прослави, еуфорија, пат од 13.000 километри од Катар преку Буенос Аирес каде излегле околу 4 милиони луѓе на улици, конечно до својот дом во предградието на помалиот град Росарио стигнал најдобриот фудбалер на сите времиња.
За својот роден град Лео или како таму го викаат Лио, го врзуваат многу убави емоции. А и каде на друго место ќе го најде мирот после лудилото во Буенос Аирес?
****************
На 2 ноември 2012 година, Меси и жена му Антонела Рокуцо го добија првиот син, Тиаго. Лео на своето лево колено го истетовирал името на својот прв син. На 11 септември 2015-та парот доби и втор син, Матео, а на 10 март 2018-та им се роди и трето дете, син кој го крстиле Чиро.
Сите прослави им биле на некој начин поврзани со Росарио.
Долго време Меси и Рокуцо живееле во граѓански брак, а свадба организирале на 30 јуни 2017-та во хотел во родниот град Росарио неколку дена откако Лионел наполнил 30 години.
Откако стана светски шампион Меси со хеликоптер се вратил токму во родниот Росарио. Со нив во овој град се упатиле уште и Ди Марија и Дибала. Пауло со хеликоптер продолжил до неговото родно место Лагуна Ларка на 350 км оддалеченост од Росарио.
На различни локации во градот Меси и Ди Марија ги чекале семејствата, а подоцна од Доха со приватен авион преку Зеленортски острови пристигнала и мајка му на Лео.
На аеродромот во градот нивниот хеликоптер го пречекале градоначалникот на Росарио Омар Пероти и директорот на аеродромот, Едуардо Ромањоли.
После големото финале, 3 напорни дена прослави и поздрави 13.000 километри од Катар преку Буенос Аирес, конечно жена му Антонела со џип буквално го собра Лео:
Después de jugar la final que jugó, 3 días saludando gente desde Catar hasta la puerta de su casa, a más de 13.000 kms. pic.twitter.com/mqzfJRCSgv
— Nacho Lemus (@LemusteleSUR) December 20, 2022
Народ собран и во самиот дом на Меси во местото Фунес кај Росарио
De vuelta en casa, llega Messi a Funes - Rosario.
— Nacho Lemus (@LemusteleSUR) December 20, 2022
Video: @Sendell09 pic.twitter.com/Vkn2ch6Pyk
Así entró Messi a su casa en Funes. pic.twitter.com/LrWuOy2VH7
— Tomás Dvoretzky (@TomasDvoretzky) December 20, 2022
Интересно, без шофери, без масовно обезбедување, а возилото го возела самата Антонела.
Таму избегнале од страшниот метеж во Буенос Аирес каде на улици излегле околу 4 милиони луѓе, па поради големиот хаос, аргентинската фудбалска репрезентација и властите решиле да го прекинат дефилето и конвојот од безбедносни причини.
Во мирното преградие на Росарио, пред стотина присутни, Меси и Антонела го нашле мирот.
Доаѓањето на најголемиот на сите времиња ги воодушевил присутните и вработените на аеродромската писта: