Јувентус цели 25 години не бил вака бос на гостувања

Некогаш апсолутниот хегемон во италијанскиот фудбал, веќе некое време не може да се пронајде себеси, ниту на терен ниту горе во управа и спортски сектор. Нешто не штима кај „Старата дама“ а навивачите уште од старт на сезоната губат трпение.

Бјанконерите во сите натпреварувања од почетокот на новава сезона, немаат победа на првите четири гостински дуели надвор од Торино и немаат победа на вкупно пет средби во серија.

Ова не им се случило уште од далечната 1997/1998 кога пак на крајот освоија скудето и стигнаа во големото финале на Лига на шампиони против Реал Мадрид (Мијатовиќ во Амстердам даде гол за триумф на „кралевите“).

Со поразот од Монца 1:0 (прв историски триумф на новиот член на Серија А и тоа баш против големиот Јуве), „зебрите“ го израмнија негативниот рекорд стар 25 години без ниту еден триумф во првите четири гостувања од сезоната.

Во таа сезона 1997/1998 Јувентус конечно славеше на гости после 4 меча, на 19 октомви на стадионот Сан Никола во Бари во натпревар по репрезентативната пауза (колку сличности има со сегашниот период каде исто следува репрез. пауза).

Масимилијано Алегри по паузата за репрезентации ќе има два меча дома (со Болоња на 2 октомври од 20:45 и со Макаби Хаифа во Лига на шампиони на 5 октомври), а после ги чека голем предизвик: шампионот Милан на Сан Сиро на 8 октомври. После тоа реванш со Макаби во Хаифа па со Торино градско дерби на гости.

Јувентус на гости сезонава: Сампдорија 0:0, Фиорентина 1:1, ПСЖ 2:1, Монца 1:0.

Ултрасите на Јуве: Бонучи никогаш не бил лидер и нема да биде ниту во Пиза, а не па во Јувентус

21 септември 2022 - 12:58