Тјери Анри беше назначен за тренер на Монако на 18 октомври 2018-та, а отпуштен на 24 јануари 2019-та.
Тоа беа неславни три и нешто месеци во кои го презеде клубот од зоната на испаѓање и го остави каде што беше. Скорот мизерија: 4 победи, 5 нерешени и 11 порази.
Сигурно му било тешко кога го отпуштија поради тоа што таму ја почна кариерата во 1994-та и настапуваше пет сезони, ама кога ќе си ја погледне сметката во банка ќе му олесни во секунда.
Анри од првиот тренерски ангажман во кариерата кој му траеше 104 дена во кои победи само 4 пати на 20 средби доби:
25,5 милиони евра
3⃣ mois sur le banc.
— france football (@francefootball) April 1, 2019
2⃣5⃣,5⃣ M€ de revenus.
Rentable.
Top 5 des entraîneurs les mieux payés : https://t.co/bugqKoUjzW#SalairesDesStars pic.twitter.com/AQoMepzXeH
Ете тоа се тие несфатливо ултра скапи фудбалски времиња во кои веќе се губи осетот кој колку пари прави од спортот кој некогаш се играше од љубов.
Причините за оваа огромна сума на пари заработена во многу кус период лежат во тоа што на Анри му платија пенали бидејќи договорот му беше на три години.
Има само еден тренер кој заработи повеќе од раскин на договор, а тоа е Жозе Мурињо на кој Манчестер Јунајтед за збогум му исплати 31 милиони евра.
Дебитантот на тренерската сцена кој воопшто не се прослави во Монако од неуспешната работа во Монако заработи повеќе и од најплатените тренери во светот како Гвардиола и Симеоне кој заработуваат 24 милиони евра годишно.