Неговите фанови велат феноменална идеја, други коментираат Калински, Тони и Панчев, а трети: Калински за сите генерации. Ние само ќе додадеме: Зошто да не? Па нека биде тоа пријатно изненадување, барем за еден натпревар како ко-коментатор.
Инаку иницијативата на барање на фановите се појави на Фејсбук страната „Спортска Македонија“.
Поетот од коментаторското столче кој 42 години царуваше во спортскиот етер и во стил на шаховски мајстор ја водеше публиката во преку 2.100 преноси во разни спортови, се одлепи од микрофонот на полуфиналниот дуел од ЛШ меѓу Атлетико и Реал, во мај 2017-та.
Истата година се појави петиција да го коментира финалето од ЛШ во Кардиф, а неговата верна публика сега бара да се појави како специјален гостин во отвореното студио на МТВ за ЕП 2020 на кое ќе дебитира Македонија.