Игнасио Фернандез минатата сабота тргнал со својот автомобил и после некое време на еден кружен тек подзастанал да пушти друга кола од спротивната насока, но оддеднаш некој го удрил неговото возило од позади.
Игнасио брзо излегол од кола да види што се случило, а кога видел кој бил човекот што го закачил, се шокирал.
„Штом го видов, одма го препознав и реков: подобро да се сретнеме во прва следна прилика во други околности, а не вака. Сфатив дека ќе има многу гужва ако го видат. Сакав селфи да направиме за да ми поверуваат дека баш Зидан ме закачил“, ферски постапил Фернандез кој инаку бил менаџер во салон за мебел.
За да избегне ситуација со масовен наплив на медиуми во тренинг центарот на Реал Мадрид, Игнасио Фернандез му понудил на Зизу да му прати допис од осигрувањето за проценка на штетата, а му побарал и селфи за да го осведочи овој момент за паметење со Зинедин Зидан.