Хрватска го смени селекторот зошто навивал против Динамо Загреб

Педесет и пет годишниот легендарен хрватски фудбалер Роберт Јарни кој во кариерата играше за Хајдук Сплит, Бари, Торино, Бетис, Реал Мадрид, Лас Палмас и Панатинаикос се најде на удар на еден дел од јавноста во хрватска поради контроверзна изјава.

Јарни некое време е селектор на репрезентацијата на Хрватска У-17 но фудбалскиот сојуз на оваа земја експресно му врачил отказ. Причината бил неговиот коментар во пресрет на мечот Динамо Загреб - Бетис во Лига конференции вечерва на „Максимир“. Роберт Јарни ќе биде почесен гостин на реваншот на стадионот „Бенито Виљамарин“ во Севиља а изјава дал за Вечерњи лист како и за шпански Релво.

„Па него за кого да навивам?! Бетис е сепак мој клуб, во него поминав три преубави години, а во Динамо не сум играл. Не знам кој би можел тоа да ми замери. Притоа сум и хајдуковец во срце“, рекол Јарни во разговор за „Вечерњи лист“.

Извршниот одобор на хрватскиот фудбалски сојуз (HNS) веднаш донел брза одлука и го сменил.

„Со едноставна одлука на Извршниот одбор на хрватскиот фудбалски сојуз, Роберт Јарни е разрешен од должноста селектор на Хрватската У-17 репрезентација после непримерените изјави во медиумите. 

Извршниот одбор на ХНС го поддржува правото на секој поединец, и секој фудбалер вклучувајќи ги и репрезентативците - да навиваат за кој клуб и да сакаат, па и против хрватските клубови во Европа, но таквото размислување не го смета за пожелно.

ХНС има многу јасен став дека за сите хрватски селектори важат повисоки стандарди и дека непримерено, непожелно и недопустливо е лице на чело на една хрватска репрезентација отворено да навива против кој бил хрватски клуб во европски натпреварувања. Промовирање заедништво внатре во хрватското фудбалско семејство е услов без кој не може успешно да се води некоја хрватска селекција.

Селекторите на хрватските селекции имаат јасна задача да промовираат заедништво, соработка, почит и меѓусебна доверба меѓу сите хрватски клубови, така што ХНС смета дека ваквата одлука е единствено исправна со цел да се заштити единството на хрватското фудбалско семејство“, стои во соопштението.

15 февруари 2024 - 10:22