Голот на сезоната во МЛС е оној првиот на Златан

Се сеќавате ли на каков начин дебитираше Ибра во американскиот фудбал пред половина година? Со два гола од првите два удари и тоа во градско дерби кое го сврте од 2:3 на 4:3. Влезе во 71-ва минута и направи дар мар на терен. Неговиот деби гол во МЛС лигата од вкупно 22 кои ги постигна, заслужено е прогласен за најубав во сезоната.

Ова не е гол, туку Г-О-Л-Ч-И-Ш-Т-Е

Повеќе за неговиот деби настап тука.

14 ноември 2018 - 15:39