
Се работи за меч од колумбискиот фудбалски шампионат меѓу Депортиво Переира и Атлетико Жуниор.
Гостите на два пати се вратија од негатива и го израмнија резултатот, прво од 2:0, а потоа и од 3:2.
Во 93-та минута добиваат пенал кој го изведува голманот Виера. Убаво што израмни на 3:3 откако ја опали душмански, ама потоа направи многу аматерски потег.
Зошто? Го соблече дресот, а само 9 минути претходно доби жолт. Судијата му даде втор и го испрати во соблекувална.
Претходно, во 81-ма минута црвен доби и напаѓачот на гостите, Карлос Бака кој сигурно го паметите од Севиља и Милан.
Киксот до некаде и ќе му пројдеше, ако домаќините не дадеа гол во 99-та минута за конечни Депортиво - Атлетико 4:3. Во финишот на гол застана еден од играчите на Атлетико, бидејќи ги направија сите измени.