Го издриблаа Ван Дајк, ама после година и пол

Манчестер Сити славеше против Ливерпул на пенали и со тоа го освои Комјунити Шилд мечот на кој се среќаваат освојувачот на Премиер лига и ФА Куп. Ова финале ќе се памети и по тоа што конечно некој го мина еден на еден столбот Вирџил Ван Дајк. Замислете на дури 65 натпревари по ред на успеал никој да го издрибла. Рекордот му го урна Габриел Жесус со еден потег.

 

 

5 август 2019 - 10:11