„За отказ треба да ја прашате управата. Инаку реков и претходно, прв одговорен во бродот сум јас и се разбира дека ако работите одат лошо одговорностите ги презема капетанот. Но јас не треба да мислам дали овој меч ми е последен, претпоследен или слично, туку треба да работам, да ги ставам најдобрите 11 на терен и да им дадам доверба. Потоа ќе видиме што ќе се случи, работам како тренер и знам дека може да ме отпуштат, нема да бидам ни прв ни последен. Дадена ми е доверба да се обидам до крај“.