Големото срце на Гатузо кој прави повредни нешта од освојување трофеи

Остави белег во јавноста како пргав играч кој често влегуваше во кавги, а еднаш се случи противничкиот тренер да го фати за гуша. Темпераментен е и како тренер, но Рино мора да го знаете пред сè како човек.

Џенаро Гатузо како тренер има освоено еден трофеј, но постојат некои работи кои се побитни од победите, освоените бодови, медалите и трофеите.

- Како тренер на грчкиот клуб ОФИ од Крит, од свој џеб исплати осум плати на играчкиот кадар.

- Како тренер на Пиза, пред клубот да банкротира купуваше храна и ги развозуваше фудбалерите по завршување на тренинзите.

- Како тренер на Милан, беше единствен кој се откажа од целокупната заработка од договорот кога доби отказ и изјави: „Помеѓу мене и Милан никогаш не се работеше за пари, туку за срце“.

- Како тренер на Наполи, на почетокот на пандемијата донираше парични средства на ковид болниците, а во јуни ја донираше и премијата по освојување на Купот на Италија.

- Позната е неговата изјава: „Фудбалот ми даде многу повеќе, отколку што му дадов јас нему“.

Голем си Џенарино!

Виа

13 јануари 2021 - 11:26