Фудбалот ми е само работа, а копачки купувам на старо

Да најдеш фудбалер кој е на платен список во Премиер лигата кој изјавува дека фудбалот не му е ништо посебно, копачки нарачува од интернет и често разговара и се дружи со луѓето во маало, се случува еднаш на 100 години.

Беноа Асу Екото има седум години стаж во Премиер лигата како член на Тотенхем каде играше од 2006-та до 2013 година, но парите кои за тоа време ги заработил во најбогатата фудбалска лига во светот ниту еден процент не му го промениле размислувањата во животот.

За него англискиот печат нема слики од тоа како се паркира со кола од 200.000 евра или афери со швалерки, туку материјал со интересни изјави и ставови за животот. Екото всушност е човек од народот и за народот.

„Никогаш не сум бил лицемерен во фудбалот. Јас сум среќен и го ценам што го што имам, но фудбалот е само работа. Во животот има многу поважни работи отколку да ја шутирам топката. Да, играм за пари, но нели секој што станува наутро оди на работа? Тоа го прават за да го одржуваат семејството. Ме иритира тоа кога фудбалерите одат да играат фудбал за клубот. Мислам дека тие треба да ја понесат одговорноста кога го бакнуваат беџот на дресот, а потоа по 6 месеци прават трансфер во друг клуб“

Кога почна да игра за Тотенхем, Екото пројави голем интерес за локалното население и нивните навики, почна да се дружи со навивачите, а кога неговиот тим играше на домашен терен, знаеше заедно со нив да се качи на метро и да оди на стадион.

По терористичките напади во Лондон, Французинот роден во Камерун изјави дека неговите колеги треба да сторат нешто повеќе за геополитичките проблеми и да донираат пари од нивните плати. Тој и самиот учествуваше во донации во фондацијата на Тотенхем.

„За време и по нападите во Лондон размислував многу за предизвиците со кои се соочуваме како општество. Мислам дека сме разделени иако технологијата го направи светот помал. Се обидувам да се сретнувам и да зборувам со жителите од Лондон колку што е можно повеќе за подобро да ги разберам предизвиците со кои се соочуваат во нивните животи. Можеби растењето во мал град или тоа што доаѓам од мала африканска земја ме прави таков, односно да бидам дел од заедницата“.

Екото е до толку обичен човек, што не се замара дали му се марка копачките.

„Купувам копачки од по 30 евра. Тоа е добра цена, комотни се за играње и ги има на Ибеј. Да се биде модерен е скапа работа, плус повеќе би сакал да сум слободен, отколку да бидам "проституиран" за спонзори. Искрено и кога си Африканец не си интересен за спонзорите, тие бараат Европејци.

Асу Екото кариерата ја почна во Ленс, по Тотенхем играше како позајмен играч во КПР, а од лани е член на Сент Етјен. 31 годишниот лев бек има 24 настапи за селекцијата на Тотенхем.

14 март 2016 - 17:45