Рафаел ван дер Варт кариерата ја почна во Ајакс, ја заврши во Есбјерг, а во меѓувреме беше член на Хамбург, Реал Мадрид, Тотенхем, Бетис и Митјиланд.
И покрај тоа што настапуваше за звучни имиња на клубови, не може да се пофали ниту со солидна трофејна кариера. Со Ајакс освои две титули, куп и Супер Куп на Холандија, а со Кралевите само Шпански Супер Куп и толку.
Холанѓанецот од среден ред задолжен за напад, дебитираше за Ајакс на 17 години во периодот кога и Ибра беше член на овој клуб, но ниту беа пријатели, ниту се почитуваа, туку напротив добро што не се истепаа.
На пријателски меч меѓу Шведска и Холандија, Златан на својот клупски колега му влезе со крампони во зглоб, крајно грдо и безобразно, а потоа телефонски му се јави за да му се извини.
„Жал ми е за твојата повреда, знаеш и самиот дека тоа не ти го направив намерно“, му рече Ибрахимовиќ, но сам по еден ден Ван дер Варт даде интервју во кое изјави дека Златан тоа му го направил намерно.
Ибра полудел од нервоза и уште на првата средба во соблекувална му се заканил на Рафаел пред сите со зборовите:
„Ако уште еднаш го кажеш тоа ќе ти ги скршам и двете нозе и тоа намерно“.
Незгодниот Швеѓанец има изјавено дека единствениот играч кој не го поднесува е Ван дер Варт, а осум години после нивниот дуел Холанѓанецот е снимен како на голф гаѓа слика со Ибрахимовиќ.
Да не грешиме душа, да не ни влезе и нас будалетинкава со отворен ѓон, ама според видеово Ван дер Варт изгледа дека е во право.