На 22 ноември Крис Смолинг, стандардниот стопер и повремен капитен на Јунајтед, наполнил 29 години. Високиот дефанзивец решил необично да го прослави својот роденден па спремал храна и раздавал на бездомници, а потоа ги миел садовите.
Дента Смолинг собрал 29.000 фунти од донации, коишто ќе ги префрлел во манчестерскиот хуманитарен фонд Barnabus кој се грижи за бездомници христијани.
„Ќе префрлам 29.000 фунти во Barnabus, со цел да им се овозможи убав Божиќ на оние на кои не им тргнало“, напишал Смолинг на својот Твитер.
In celebration of my 29th birthday today I am raising £29k for Barnabus to guarantee a fun-filled Xmas period for those less fortunate. 🍽🎄#29for29 pic.twitter.com/FkrdpnXn85
— Chris Smalling (@ChrisSmalling) November 22, 2018
На 13 декември Смолинг ќе го посети фондот Barnabus каде ќе престојува на Божиќната забава и ќе помага во кујната во пресрет на најрадосниот христијански празник. Овој фонд вдомува и прехранува околу 600 бездомници секоја недела. Навивачите ширум Англија го поздравуваат потегот на Крис Смолинг кој решил цел еден ден да посвети на волонтерска хуманитарна работа.
🎉 Happy 29th Birthday @ChrisSmalling
— SPORF (@Sporf) November 22, 2018
🙌 To celebrate, he will raise £29k for @BarnabusMcr to guarantee a fun filled Christmas for vulnerable and homeless men & women.
👨🍳 He will join the kitchen staff for their annual Christmas party on December 13th.
❤️ An amazing gesture. pic.twitter.com/0AKemIy91H
Good work young man, proud of ya! Oh btw Happy Birthday to you Smalls,29 hhhhhmmm🤔🤔haha! Have a great day and lotsa luck for the rest of the season! #thanksagain pic.twitter.com/AOwdT76APv
— Dion Dublin (@DionDublinsDube) November 22, 2018