Според УЕФА, Луис Фиго и натаму е легенда на Барселона и покрај фактот што Португалецот откако потпиша со Реал Мадрид стана најомразената личност на Камп Ноу.
УЕФА го викнала поранешниот капитен на Барса да настапи на мечот на ветераните кој ќе се одржи пред финалето од ЛШ во Берлин, а на кој ќе игра Ол Стар тимот против легендите на Јуве и Барса.
Луис Фиго пристигна во Барса откако беше суспендиран во италијанскиот фудбал, поради тоа што истовремено потпиша договор со Јувентус и со Парма. Во Каталонија стана омилена личност, со Барса го освои Купот на УЕФА во сезоната 1996/97 и неколку титули во Ла Лига. Беше херој во Барселона, но работите се сменија во 2000. година кога Флорентино Перез ја откупи неговата клаузула и Фиго стана играч на Реал Мадрид.
Уште се памети неговиот пречек на Камп Ноу како фудбалер на Реал Мадрид кога му направија кореографија Јуда, го гаѓаа со разни предмети, меѓу кои и свинска глава.
Откако Барселона реагираше во УЕФА, европската фудбалска унија реши да ја повлече поканата до Луис Фиго и го тргна од листата на учесници. Барса твитна: „Како што нè информираше УЕФА, по барање на нашиот клуб, Луис Фиго нема да ја претставува Барселона на мечот на легендите во Берлин“.
Еве како изгледаат составите без Фиго:
Светските Ол-Старс: Леман, Кафу, Џоркаеф, Пирес, Мијатовиќ, Елбер, Сидорф, Раи, Карембу, Мекманаман, Ван Хојдонк, Матераци.
Легендите на Јуве и Барса: Ван дер Сар, Ферара, Жили, Дел Пјеро, Ван Бронхорст, Едмилсон, Канаваро, Трезеге, Ван Бомел, Ѕамброта, Деко, Абидал, Виери.
Како беше пречекан Фиго на Ноу Камп како играч на Реал: