Емотивно збогум на Меси со Нејмар

Нејмар денеска не тренираше со колегите, туку само се појави да ги извести дека си заминува од Барселона и се сели во ПСЖ. Со Меси беа заедно 4 години и освоија 8 трофеи. На својот инстаграм профил му остави порака и видео за збогум.

„Ми беше огромно задоволство што ги споделував сите овие години со тебе, пријателe. Ти посакувам многу среќа во новото поглавје од животот. Се гледаме. Те сакам многу“.

 

2 август 2017 - 17:02