Емотивна исповед на Адријано за фавелата: „Овде не сум за алкохол, дрога и жени, овде сум слободен“

Пред неколку недели се појави ново видео на кое се гледа како некогаш најмоќниот напаѓач на светот Бразилецот Адријано бос и летва пијан се тетерави по улиците на една од фавелите во Рио де Жанеиро. Тоа како да било повод одново да се праша Бразилецот за неговата душевна состојба и мирисот на фавелите.

Адријано за време на играчките денови, особено во Интер и Парма во Италија беше страшен фудбалер со левица каква што Серија А ретко имаше видено до тогаш.

Тој во кариерата заработи многу пари, освои неколку трофеи но рано реши да ја заврши истата и да се врати во својот роден крај во својот роден град.

Адријано од враќањето во Бразил живее во сиромашниот кварт Вила Крузеиро во која вели дека е целосно слободен и свој.

Во својот расказ „Писмо на мојата фавела“ за познатата платформа The Players' Tribune каде играчите исповедаат животна судбина низ нивните кариери, Адријано раскажува интересни моменти.

„Не се дрогирам како што некои сакаат да прикажат. Не сум во никаков криминал. Иако можев да бидам. Не сакам да излегувам по клубови. Секогаш одам на исто место во својот кварт, а тоа е киоскот Нана. Ако сакате да ме сретнете свратете. Секој втор ден пијам. И сите останати денови. Како личност како што сум јас стигна до тоа да пие скоро секој ден? Затоа што сум јас неисполнето ветување.

Ме викаа Цар (Императорот). Можете ли да го замислите тоа? Детето кое ја напушти фавелата и стана Цар во Европа. Не знам како да го објаснам тоа. Некои работи очигледно ги правев добро. Многу луѓе не разбира зошто ја напуштив славата за да седам во својот стар крај и да се напивам. Тоа е одлука која тешко се менува.

Кога отидов во Интер, бев за Божиќ во својот стан. Во Италија е баш депресивно кога ќе дојдат студените месеци. Надвор се е мокро и многу студено, а ноќта паѓа брзо. Бев носталгичен и се чувствував како го*но. За среќа Кларенс Сидорф беше прекрасен пријател. Тој и сопругата правеа вечера за сите свои блиски пријатели и ме викнаа и мене.

Кај него беа баш елегантни прославите, требаше тоа да го видите. Но јас сакав да бидам во Рио. Рано ќе си отидев од домот на Сидорфови и веднаш им се јавував на мајка ми и на семејството да им честитам Божиќ. Бев многу тажен, зграбив една флаша водка и ја дрмнав.

Но знаев дека во Милано сум со причина. Бог ми даде прилика да го подобрам животот на своето семејство. Во еден момент избегав од Интер и дојдов ваму. Мислеа дека сум киднапиран, но наете дека мене никој не може да ми напакости тука во фавелата.

Не можев веќе да го поднесам животот во Италија каде камерите постојано ме следеа и снимаа. Не сум овде поради алкохол, жени или дрога. Овде сум зошто сум слободен. Сакам да живеам и да бидам човечко битие повторно. Сакам мир. Сакав да ги исполнам желбите на сите. Се трудев кај Роберто Манчини и Жозе Мурињо, плачев на рамената на Морати (Масимо, легендарниот трофеен и почесен претседател на Интер), но не можев да направам се што бараа од мене.

Сите многу ме критикуваа. Сè што сакав беше само да си одам дома. Дали е тоа погрешно? Овде одам бос и без маица, играм домино и си седам на тротоар, слушам музика и играм со другарите. И го гледам тако ми во секоја од овие улици.

Дури не ни носам жени тука. Затоа се враќам секогаш тука, каде што сум секогаш почитуван и каде научив што е тоа заедница. Вила Крузеиро не е најдобро место на свет но е мое место...“

Via:

A Letter to My Favela

13 ноември 2024 - 15:15