Џовинко го издрибла и часовникот

Себастијан Џовинко во средата наутро замина од Рим по репрезентативните обврски со Италија, попладнето стигнал во Торонто и дал гол по влегувањето на терен во 71. минута против Њујорк Ред Булс.

Во вторникот Италија ја совлада Норвешка 2-1 и го осигура првото место кое води на ЕП. Меѓу актерите на мечот беше и поранешниот фудбалер на Јувентус, Себастијан Џовинко кој одигра половина час откако влезе наместо Едер.
 
Веќе следното утро Џовинко полетал назад за Торонто каде неговиот тим играше првенствен натпревар од МЛС лигата против Нујорк Ред Булс. Како и обично, Атомската мравка како што е прекарот на Италијанецот направи разлика.
 
Влезе во 71. минута и за само седум минути по влегувањето постигна неверојатен гол кој ќе влезе во историјата на МЛС лигата и веќе е кандидат за гол на сезоната во оваа лига. Со фантастичниот погодок, Џовинко на нозе ги стана 18.143 гледачи на стадионот. Тоа беше негов 22 гол сезонава со што е најдобар стрелец во лигата, а прв е и на листата најдобри асистенти со 15 успешни асистенции. Детето на Јувентус е најзаслужно што Торонто го слави првиот пласман во Плејофот после цели осум години.
 
Со пласманот во Плејофот, целта на клубот е остварена, но Џовинко изјави после мечот дека нема да застанат тука и дека сега одат по титулата.
 
Евроголот на Џовинко:
 
Некои од головите сезонава за Торонто:
 
15 октомври 2015 - 10:41