Дете му помогна на Тотенхем да даде гол, па Мурињо го гушкаше
Откако ја продолжи својата тренерска кариера со победа против Вест Хем, Мурињо и вечерва се радуваше на триумф на неговиот нов клуб Тотенхем. Губеа Спарси 0-2 на полувреме од Олимпијакос, ама во второ направија целосен пресврт и тоа благодарение на едно дете задолжено за топки.