Десет фудбалери кои завршиле во затвор

Случајот со руските фудбалери Кокорин и Мамаев не е прв случај фудбалери да завршат зад решетки. Во минатото имало играчи кои морале да одлежат затворска казна.

Паоло Роси

Во 1977 година, правата на 21-годишниот италијански центарфор по пола ги имале Јувентус и Виченца. Во еден момент се покренала „слепа аукција“ и на табла требало да се напише максималната сума која клубот е спремен да ја плати за откуп на неговиот договор.

„Црвено-белите“ од Виченца дале три милиони долари и го добиле напаѓачот кој веќе во следната сезона постигнал 24 гола а неговиот нов клуб првпат во историјата завршил втор во силната Серија А.

Скоро во Виченца се јавиле финансиски проблеми и за се спасат го пратиле Роси во Перуџа. А Роси таму станал соучесник на „Тотонеро“ - скандал поврзан со наместени резултати.

Роси бил суспендиран две години и неколку месеци поминал во затвор. Излегол од таму на еден месец до Светското 1982 година па го викнале во репрезентацијата на Италија за Мундијалот во Шпанија каде Паоло со шест гола станал најдобар стрелец на Светското а Италија станала Светски шампион.

Денес Роси работи во спортскиот оддел на каналот Mediaset Premium како стручен коментатор.

Мики Томас

Велското крило, за кое светот дознал кога самоволно си отишол од Манчестер Јунајтед во 1981 година поради демофобија - страв од голем број луѓе на едно место.

Својата кариера ова брзо крило ја компромитирало кога бил поврзан со фалсификувани банкноти.

На почетокот на ’90-те години Мики фалсификувал банкноти од 10 и 20 фунти со соиграчи од нисколигашот Врексам. На суд негирал дека извршил фалсификат, но сфатил дека ѓаволот ја однел шегата кога ја слушнал реченицата: „Пола година затвор.“

Георги Деметрадзе

Грузискиот напаѓач станал најдобар стрелец во првенствата на Русија и Украина, играл уште и за Феенорд, Реал Сосиедад и Макаби Тел Авив а последните години од кариерата ги минал во Азербејџан и Грузија.

Во 2011-та Георги бил осуден на 6 години затвор за „злосторничко здружување“. За време на Светското првенство 2010 фудбалерот заедно со уште неколку лица за уценување и принуда на луѓе кои загубиле пари на обложување при што незаконски стеканл 140.000 долари.

Еден од должниците одбил да даде пари и Георги заедно со извесен Вато Кипиани „го избил дефицитот“. Во декември 2012 година Деметрадзе по амнестија излегол на слобода и сега е претседател на грузиски Торпедо Кутаиси.

Едуард Стрелцов

Еден од најлегендарните фудбалери во поранешниот Советски сојуз, Едуард Стрелцов на 21 година заедно со уште двајца репрезентативци биле уапсени поради обвинение за силување на 20-годишната Марина Лебедова.

Стрелцов за време на Светското првенство 1958 можел да му се спротистави на 17-годишниот Пеле но додека Советите играле против Бразил, Едуард бил на суд.

Стрелцов важи за најталентираниот фудбалер во историјата на Русија а луѓето сметале дека е неправедно приведен поради тоа што одбил да му служи на системот (официјално одбил да премине во ЦСКА Москва).

Го осудиле на дури 12 години затвор.

Во февруари 1963 година Стрелцов бил ослободен а после две години му се вратил на фудбалот и на Торпедо му донел титула и куп н СССР. Ја воодушевувал јавноста со своите настапи но до смртта 1990 година не дознал зошто точно бил затворен.

Стиг Тофтинг

Поранешниот дански репрезентативец (’90-те години), го викале тревокосач. Овој прекар лесо може да ја објасни неговата игра на теренот.

Но малкумина знаат дека Стиг како мал со свои очи видел како татко му ја убил мајка му со оружје а потоа се застрелал самиот. Уште како млад „не жалел никого“ и не ја сменил својата девиза никогаш. Во најдобрите години од кариерата играше за Болтон и Хамбург но својот немирен дух никогаш не успеа да го смири.

За тепачка со навивачи Стиг завршил три недели во полициски притвор а за тепачка со шеф на дански ресторан - 4 месеци лежел во затвор. Денес работи како фудбалски аналитирач и коментатор.

Адам Џонсон

Едно од најталентираните англиски крила во своето време, можеше да стане голема ѕвезда на Манчестер Сити но во 2012 година премина во Сандерленд.

Се оженил со манекенката Стејси Флаундерс која му родила ќерка. Но на три недели пред пораѓањето се појавил скандал дека Џонсон се среќавал со 15-годишна навивачка на Сандерленд.

Тој ја напаствувал и и предложил дрес со автограм ако го бакне. Девојчето одбило и после неколку месеци го пријавило фудбалерот кој набрзо го уапсиле. Адам категорично ја одбивал вината но брзо признал дека имало бакнежи. Судот го осуди на 6 години затвор.

Тој во затвор имал многу напади и закани а како пишуваат англиските медиуми, една група исламистички затвореници му ветила дека ќе го брани ако премине во исламот.

Мохамед Зидан

Двократниот освојувач на Африканскиот Куп на Нации со Египет, во ноември 2013 година бил обвинет за фалсификување чекови со кои измамил многу големи градежни компании.

Мохамед дознал за своето дело од интернет и ја објаснил ситуацијата вака: „Делото беше во 2007-ма кога си купував огромна вила во Египет. Поради проблеми во мојата татковина вилата никогаш не се догради. Престанав да давам пари на градежните компании и делото стигна до суд без да знам.“

Мохамед тогаш ги решил должничките прашања со фирмите но египетскиот суд не отстапил и го осудил на 6 години.

По негова среќа лежел само 2 месеци затоа што одлуката на судот била поништена.

Брено

На 19 септември 2011 година бразилскиот стопер од Баерн Минхен и репрезентацијата на Бразил толку многу се напил алкохол во својот дом во Минхен што во еден момент направил пожар и го запалил целиот стан.

Бегајќи на втор спрат каде го опкружила полиција се повредил. Станот изгорел цел а штетата што ја направил била 500.000 евра.

Следната година во летниот период тој бил прогласен за крив и затворен на 3 години и 9 месеци.

И покрај ударот на репутацијата и реномето на клубот, претседателот на Баерн Ули Хенес (и самиот лежеше затвор пред некоја година за затајување данок), му дозволил на фудбалерот еднаш во неделата на 5 часа да може да тренира со екипата.

За примерно поведение во затвор, го ослободиле една година порано од предвиденото. Последните две сезони тој игра за Васко да Гама.

Ли Хјуз

Идолот на навивачите на Вест Бромвич во својата дебитантска сезона станал најдобар стрелец на тимот.

Го заврикале „Црвенокоса нинџа“ поради тоа што знаел да скока неверојатно и давал голови со глава.

Но фрлил пепел на сјајната кариера во 2003 година кога по негова вина се случила трагедија. Напаѓачот во пијана состојба седнал да вози, во еден момент изгубил контрола над возилото и се удрил во кола во другата лента.

Неговиот совозач Алберт Фризби преживеал, но за жал во другото возило загинале таткото на четири деца Даглас Грехем.

Ли во шок избегал од местото на настанот но после 36 часа признал вина. Судот го осудил на 6 години најстрог затвор. Денес Ли има 42 години и игра аматерски фудбал за Хејлсоен Таун во 8-та по ранг англиска дивизија.

Марлон Кинг

Марлон ја одлежал својата прва затворска казна во 2002 година. Судот тогаш го осудил Јамајчанецот на 1,5 година.

По враќањето во фудбалот, центарфорот заиграл во Ватфорд каде станал прв стрелец и го однел клубот во Премиер лига.

Сите сметале дека тој е созреан но набрзо како играч на Виган, го обвиниле за силување и претепување на 20-годишна студентка. Кинг одново бил затворен година и пол. Виган го поддржал играчот и не го раскинал договорот со него. Кинг за време на издржување на казната го примил исламот и го сменил името во Абу Хамза.

Од омилен играч на ниво на Премиер лига спаднал на аматерски фудбалер во трета лига. Подоцна извршил уште 20-ина разни дела: од возење пијан до многу грабежи и тепачки. Во 2013-та ја завршил фудбалската кариера а тогаш доживотно му ја одземале и возачката дозвола.

18 октомври 2018 - 15:48