Деби на Зидан, последен танц на Меси, ЧавиVSКлоп, Роналдо на Халанд

ФИФА го залепи меѓународните паузи во една и сега клупски фудбал нема да има цели три недели! Што ќе следува во репрезентативен фудбал и што ќе се гледа?

ЧАВИ ПРОТИВ КЛОП - ПРВПАТ КАКО СЕЛЕКТОРИ

Големиот европски класик Холандија - Германија ќе биде во знакот на јаки тренери, дебитанти како селектори: првпат ќе ги видиме Јирген Клоп и Чави во репрезентативен фудбал. Ќе се сретнат во новото издание на Лига на Нации.

Чави е прв селектор-странец на клупата на репрезентацијата на Холандија после цели 49 години. Претходно прв селектор-странец бил легендарниот Австриец Ернст Хапел кој работел со Холандија во 1977 и 1978. Ја довел Холандија дури до финале на Светско првенство 1978.

Јирген Клоп веднаш во свој стил направи револуција! За првиот собир за 4 натпревари повика 44 фудбалери и формираше два состави. Првите 24 играчи ќе играат со Холандија и Грција после што повеќето се враќаат во своите клубови. На следните два натпревари со Србија и Грција ќе играат другите 20 фудбалери.

МАНЧИНИ ПАК Е СЕЛЕКТОР НА ИТАЛИЈА И ОД ПРВА ГО ЧЕКААТ МЕГА ДУЕЛИ

Италија пропушти три Светски првенства по ред и во оваа меѓународна пауза ќе игра против Белгија и Франција. А ја чека и дуел со незгодната Турција.

Во репрезентацијата се врати Роберто Манчини кој како селектор ги вивна во висините како европски шампион во 2021-ва.

Според Кориере дела Сера, Манчини бил лут кога дознал дека Андреа Пирло е главен кандидат за селекторското столче но набрзо Пирло беше на удар на „хистеричната“ медиумска јавност која го нападнала зошто снимал реклама за руска компанија за обложување и испадна од игра за селектор па Манчини беше промовиран во нов-стар предводник на Италија.

ЗИДАН КОНЕЧНО СЕЛЕКТОР НА ФРАНЦИЈА!

Зинедин Зидан конечно на крај дочека да ја води Франција која што со два прекрасни гола самиот ја направи Светски шампион во 2026-та година.

Откако Дидие Дешан си отиде од селекторското столче после речиси две децении селектор, Зидан го наследи.

Првите два домашни натпревари ќе му бидат против Италија и Белгија. Продадени се повеќе од 80.000 карти за дуелот со Италија а навивачите едвај чекаат да го поздрават големиот Зизу.

Пред 20 години Зидан ја заврши славната репрезентативна кариера, ама неславно - против Италија (се сеќавате на главата што „му ја даде“ на Матераци).

Според претседателот на здружението на француски навивачи Жан-Батист Монтарње „Ефектот Зидан веќе носи резултат: луѓето доаѓаат на стадион да го видат новиот селектор, иконата на францускиот фудбал“.

За дуелите со Белгија картите оделе од 35 до 175 евра. Зизу ќе почне со гостински натпревари: со Турција и Белгија, а понатаму ќе играат дома во Франција.

ПОСЛЕДЕН ТАНЦ НА МЕСИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

На 6-ти октомври Лионел Меси за последен пат ќе игра за Аргентина - против Бенин на стадионот „Монументал Антонио Веспусио Либерти“ во Буенос Аирес.

Меси на друштвените мрежи објави видео како се спрема со копачки и со посебен дрес. Тој напиша под видеото: „Последен меч... Дресот на мојот живот“.

На дресот за прошталниот натпревар на Меси презимето Меси и бројот 10 ќе бидат исполнети во златни бои. Десетката ќе ја украсува и Мајско сонце - еден од националните симболи на Аргентина. Тоа е олицетворение на богот на Инките Инти, наречено е „мајско“ како симбол во чест на револуцијата на 25-ти мај 1810 година кога Аргентина прогласила независност од Шпанија.

РОНАЛДО УШТЕ ГО ВИКААТ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

41-годишниот Кристијано Роналу пак доби повик за Португалија и од новиот селектор Жорже Жезус. На оваа репрезентативна пауза го чекаат дуели со Ерлинг Халанд: на 27-ми септември Португалија ќе гостува во Норвешка а на 4-ти септември е реваншот во Лисабон.

Новиот селектор Жорже Жезус го нарекол Роналдо „симбол на португалскиот фудбал, на репрезентацијата и на Португалија“. Според неговите зборови, Роналдо сам ќе определи уште колку сака да игра а селекторот ќе реши дали е достоен за повик. „Ако игра и одговара на нивото, може да се повика, а ќе го повикам него зошто сметам дека тоа е добро за репрезентацијата“, рекол Жезус кога го назначиле за селектор.

Роналдо изјави дека може веќе да не игра на Светски првенства ама во репрезентацијата ќе остане. Можно е и ради сонот: да заигра еден ден со 16-годишниот син Кристијано-јуниор кој игра за Ал Наср У-17 и веќе играше за две репрезентативни категории на Португалиај.

Но приоритет сигурно му се и бројките. Кристијано има вкупно 979 гола во кариерата и до главната цел 1.000 гола во професионален фудбал го дели уште 21 погодок. Најверојатно ќе ја заврши кариерата во следната 2027-ма и можно е ова да му е последна сезона.

АНГЛИЈА НА ШПАНИЈА ВО ЛИГА НА НАЦИИ

Европскиот бронзен медал од Светското првенство, Англија ќе се сретне со светскиот шампион Шпанија. Томас Тухел ги повика Кол Палмер и Трент Александер-Арнолд назад во репрезентацијата но лидерот на Челси ќе го пропушти овој собир поради повреда како и Деклан Рајс, Маркус Рашфорд, Коби Маину и Валентино Ливраменто.

Наместо нив се повикани само две замени: Џејмс Гарнер од Евертон и Морган Гибс-Вајт од Нотингем Форест.

По изгубеното полуфинале на Светско првенство од Аргентина, Тухел призна дека сноси голема вина а медиумите во Англија го означија како главен кривец за поразот после водството од 1-0 затоа што се затвори и направи измени за целосна дефанзива.

За време на оваа пауза Англија ќе игра 4 натпревари во Лига Нации: со Шпанија (26-ти септември), со Хрватска (3-ти октомври) и два пати со Чешка (29-ти септември и 6-ти октомври).

БРАЗИЛ ПРВПАТ ЌЕ ОДИ ВО ИНДИЈА

На 3-ти октомври ќе се одигра и пријателски дуел меѓу Бразил и Индија. Преговорите за оваа пријателска почнале уште за време на Светското 2026. 

„Ова ќе биде посебна средба со земјата во која се наоѓа најголемата меѓународна база навивачи на бразилската репрезентација и која со генерации ја следи историјата на бразилскиот фудбал со огромна љубов и страст. Со нетрпение го чекаме тој момент заедно со милиони индиски навивачи. Се гледаме во Калкута!“, напишале во соопштение од Бразилската фудбалска конфедерација.

23 септември 2026 - 09:19