Деби на Мацари со победа во Бергамо благодарение на Елиф Елмас

Шампионот на Италија експресно брзо се рехабилитираше од неочекуваниот пораз дома од Емполи минатото коло и тоа на тешкото гостувањето над Аталанта. Елмас влезе од клупа и го реши мечот.

Наполитанците освоија големи 3 бода над секогаш незгодната Аталанта на гости со триумф од 1:2.

Резултатот го отвори Кварацхелија во финишот од првиот дел, но одговорот на домаќините стигна многу брзо, во 53-та минута.

Новиот стратег на Наполи, повратниот Валтер Мацари ја погоди измената и во 63-та минута го внесе Елмас, кој му одговори со гол за седма победа и скок на трета позиција.

И лани ја решија Аталанта на гости на ист начин, со асистенцина на Осимен и гол на Елмас за 1:2.

За Елмас ова е втор гол сезонава. Првиот му е против Салернитана исто така на гости.

25 ноември 2023 - 20:12