Реакцијата на претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис:
Ваков судија не е способен да суди полуфинале од Лига Европа, кажете им го ова на сите, кажете им го силно. Да ве прашам нешто, беше офсајд? Да, тогаш сакаат да му дадат важност на натпреварување кое не ништо не вреди. Ние го играме бидејќи е можност за да се игра во ЛШ. Платини ја оплеска, што ќе помисли во мракот на својата канцеларија во Нион? Можеби е потребно да си оди. Ако некој организира вакво натпреварување без да гарантира нормално судење, не е добро. На моите играчи не можам ништо да им забележам, го дадоа максимумот, но ако Днипро има свој судија? Можеби Наполи на некој му смета и Лига Европа треба да ја освои Шпанија со Севиља. Кажете ни го тоа за да знаеме дали да се повлечеме затоа што не сакаме некој да се зеза со нас. Вчера го гледав Рицоли во Лига на шампиони, кој е Моен, го познавате? Важен е?